ГРК Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, за противник го има тимот на Татабања. Денеска преку ждрепка беше одлучено кој ќе биде домаќин на првата, а кој на втората финална средба.
Реваншот ќе се игра во Охрид, што значи дека во СЦ „Билјанини Извори“ ќе се решава првакот во ова натпреварување.
Како што беше претходно познато, првиот меч се игра на 23/24 мај, додека вториот на 30/31 мај.
За тимот на Татабања настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески. Актуелен освојувач на ЕХФ Европскиот Куп е Алкалоид.










