Марка: Чуамени и Валверде се степале на тренинг

213
фото: Transfer News Livе (X)

Напнатоста во Реал Мадрид го достигна својот врв во последниот дел од сезоната, а лошата атмосфера во соблекувалната кулминираше со жесток судир на денешниот тренинг. Како што дознава шпанскиот весник „Марка“, Федерико Валверде и Орелиен Чуамени речиси се степале по жестока расправија што откри длабоки поделби во составот на „Кралскиот клуб“, пишува „Марка“ .

Сè започнало со прекршок за време на треингот, што довело до една од најнапнатите сцени видени во последните години на Валдебебас. Двајцата играчи од средниот ред се судриле, се туркале и жестоко се расправале, а расправијата продолжилаа со ист интензитет во соблекувалната.

Тимот поминува низ еден од најчувствителните периоди од сезоната, без реални изгледи за освојување трофеи и атмосфера која е сè повеќе оптоварена со внатрешни несогласувања. Разликите меѓу играчите се очигледни, а има и такви кои речиси и не комуницираат меѓусебно. Ситуацијата е дополнително комплицирана од односот со тренерот Алваро Арбелоа, со кого наводно дури шест играчи не разговараат.

ПретходноСудискиот одбор изрази целосно задоволство од судењето на двата полуфинални меча во Купот на Македонија
СледноШок за ФИФА: Без ТВ преноси од Мундијалот за Кина и Индија?!