Еден од најдобрите македонски скијачи и несудениот олимпиоец од последната Олимпијада во Кортина, Италија, која што се одржа минатата зима, е суспендиран на четири години поради користење на допинг.
Оваа информација е лиферувана во јавноста од страна на Министерството за Спорт, чија што комисија и ги утврди неправилностите, односно недозволените средства во организмот на Лазарески, па конечно и ја одредува казната за младиот спортист.
Мирко Лазарески е роден 2003 година, и требаше да биде наш претставник во Кортина. Сепак, присуството на Станозолол во неговиот организам, супстанца која што е недозволена, го спречува во голема мера не само да продолжи со нормалното функционирање, туку ја доведува во прашање целата негова понатамошна кариера.
Во образложението на Министерството за Спорт, прецизно е наведен редоследот на настани, во случајот на Лазарески, како и неговиот исказ даден пред надлежната комисија.















