Почина легендата на Интер, Еваристо Бекалоси

35

На 69. годишна возраст почина легендарниот играч на тимот на Интер, Еваристо Бекалоси. Неговата здравствена состојба беше проблематична повеќе од една година откако доживеа удар во 2025 година.

Тој ја има започнато својата кариера во Бреша, за да се пресели во Милано, и да заигра за Интер во 1978 година. При неговиот престој кој што траеше до 1984 година тој забележа преку 200 настапи за тимот и постигна близу 40 гола.

 „ Фудбалскиот клуб Интер и целата заедница на клубот се придружуваат на тагата по повод смртта на Еваристо Бекалоси и, сеќавајќи се на него, изразуваат најдлабоко сочувство до неговото семејство.“ – се обрати легендарниот клуб преку социјалните мрежи по повод смртта на Бекалоси.

 

 

ПретходноПосета на Амбасадорот на Босна и Херцеговина на ФФМ
СледноДисциплинска комисија при ФФМ: Поведени постапки против ГФК Тиквеш, но и против Имран Фетаи и Јетон Беќири