Седлоски: Не би рекол дека титулата е завршена работа, но на добар пат сме!

179

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски во интервју за „вјести.ба“ зборуваше за мечот меѓу Босна и Македонија, кој е закажан на 29 мај. Ова ќе биде еден од двата тест натпревари за Босанците во подготовките за Светското првенство.

„И честитам на Босна за квалификациите за Светското првенство и за феноменалните натпревари од плејофот, пред сè, елиминацијата на четирикратниот светски шампион, Италија. Токму затоа велам дека е многу можно да изненадите на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Бидејќи кој и да ја победи Италија, може да победи секого на Светското првенство“, рече Седлоски, и се осврна на натпреварот на нашиот најголем стадион, каде што Македонците ќе бидат пречекани од речиси 35.000 навивачи од Босна и Херцеговина:

„Ќе биде спектакл. И треба да биде, бидејќи одите на Светското првенство. Сепак, ние доаѓаме во Сараево за да се покажеме во најдобро светло, да играме што е можно подобро. За да може публиката да ужива во добар натпревар. Ќе играме против силен противник, но исто така верувам дека имаме квалитет и можеме да се натпреваруваме со Босна и Херцеговина“.

Тој нагласува дека ова е „пријателски натпревар меѓу пријателски земји“.

„На Светското првенство ќе навиваме за сите наши Балканци. Затоа, искрено се надевам дека моите зборови од разговорот со вас ќе имаат посебна тежина по Светското првенство и дека ќе бидам во право кога станува збор за настапот на Босна и Херцеговина. Ви посакуваме се најдобро, но не кријам дека сакаме да уживаме во Кошево. Сакаме да ве победиме“, рече Седлоски низ смеа.

Седлоски беше запрашан и за Вардар, тој потенцира дека титулата се уште не е освоена, но дека неговиот тим е на добар пат да го стори тоа.

„Не би се согласил дека сме на работ да освоиме трофеј. Сè уште имаме многу работа. Но, вистината е дека сме на вистинскиот пат. Се надевам дека ќе бидеме шампиони, но сè уште не е завршено“, рече Седлоски кој коментираше за она што го очекува како селектор. 

„Мојата ера на клупата на Македонија штотуку започнува. Всушност, со натпреварите во Сараево, започнуваме нов циклус во кој следното Европско првенство е наш „врв“. Да, имам многу работа, бидејќи морам да направам добра анализа и да извршам детален избор на играчи. Имаме квалитет, но треба да се подготвиме за следните предизвици“, рече Седлоски, додавајќи:

„Двете работи се специфични. Навистина не можам да кажам која е потешка. Горд сум и ми е голема чест да бидам селектор на репрезентацијата, но и затоа што сум тренер на голем клуб. Како да го кажам тоа? Вардар си е Вардар. Сите го знаат тоа од времето на нашата поранешна заедничка држава“.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК. 

ПретходноЗа најавни шпици: Двојната одбрана на Валах против Монпеље (ВИДЕО)
СледноКонте е пред разделба со Наполи