Екипата на Бадел 1862 приреди уште едно големо изненадување оваа сезона, на домашен терен го совлада фаворитот Крива Паланка со 71-69 и намали во финалната серија на 2-1.
Вистинска драма се случуваше во последната четвртина, а домашната екипа на фантастична Ива Чолакоска која при 69-69 постигна два поени и ги постави конечните 71-69. Останаа две секунди за гостинките, но обидот на Груевска заврши надвор од обрачот.
Херојот на Бадел 1862, Чолакоска постигна 16 поени и 9 скока. Фримен имаше 25 поени, 8 скока и 8 асистенции, додека пак Клири запиша дабл-дабл од 20 поени и 15 скока, додаде и 6 асистенции. На другата страна Робинсон имаше 30 поени,
И на следниот меч, Бадел 1862 е домаќин, избраничките на Дарко Димитријевиќ ќе имаат шанса да дојдат до изедначување во финалната серија.










