Дончиќ: Лекарите рекоа 8 недели, јас сум се подобро

111
фото: Do Deka @dodekabasket (X)

Лејкерси сè уште очекуваат Лука Дончиќ да се врати по истегнувањето на тетивата од втор степен, кое го доби пред повеќе од еден месец против Оклахома Сити.

Словенецот почна со тренинзи со трчање, што е чекор напред во неговиот процес на рехабилитација, но сè уште нема дозвола за целосен контактен тренинг.

Играчот призна дека почетниот период на опоравување бил околу осум недели.

„Правам сè што е потребно. Секој ден ги правам потребните вежби, се опоравувам и работам. Лекарите првично рекоа осум недели. Значи, само го правам тоа ден по ден и се чувствувам сè подобро и подобро“, сподели Дончиќ.

ПретходноБарселона планира да продаде дел од играчите за да инкасира 100 милиони евра
СледноБадел 1862 после голема драма до победа против Крива Паланка