Денеска од 16 часот се играат реванш полуфиналните мечеви од Купот на Македонија. Во Кратово домашниот Силекс го дочекува второлигашот Охрид, а во Куманово второлигашкиот состав на Шкендија Арачиново ја пречекува тетовска Шкендија. Јасно е дека големи фаворити за пласман во финалето се Силекс и тетовска Шкендија, посебно ако се знае дека на првиот меч во Охрид беше 1:1, а под Шара тогаш домашните победија со 3:2.
Иако се на чекор до пласман во финалето, сепак нема да им биде лесно, напротив. И Охрид и Шкендија Арачиново имаат одлични состави, имаат свои амбиции и се кадарни за изненадување. Тоа го покажаа и на првите мечеви.
Од друга страна реалноста и логиката велат дека ако се биде во ред, ако Силекс и тетовска Шкендија одиграат како што знаат и умеат, не би требало да имаат проблеми да си закажат спектакуларно финале во Купот на Македонија кое е закажано за 20 мај на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.
ДВОЈКИ ЗА 1/2 ФИНАЛЕ – РЕВАНШИ (ДЕНЕСКА 16 Ч)
Кратово: Силекс – Охрид (1:1)
Куманово: Шкендија Арачиново – Шкендија (2:3)
*Во загради се резултатите од првите мечеви










