Бадел 1862 после голема драма до победа против Крива Паланка

62

Екипата на Бадел 1862 приреди уште едно големо изненадување оваа сезона, на домашен терен го совлада фаворитот Крива Паланка со 71-69 и намали во финалната серија на 2-1.

Вистинска драма се случуваше во последната четвртина, а домашната екипа на фантастична Ива Чолакоска која при 69-69 постигна два поени и ги постави конечните 71-69. Останаа две секунди за гостинките, но обидот на Груевска заврши надвор од обрачот.

Херојот на Бадел 1862, Чолакоска постигна 16 поени и 9 скока. Фримен имаше 25 поени, 8 скока и 8 асистенции, додека пак Клири запиша дабл-дабл од 20 поени и 15 скока, додаде и 6 асистенции. На другата страна Робинсон имаше 30 поени,

И на следниот меч, Бадел 1862 е домаќин, избраничките на Дарко Димитријевиќ ќе имаат шанса да дојдат до изедначување во финалната серија.

ПретходноДончиќ: Лекарите рекоа 8 недели, јас сум се подобро
СледноЛШ: ПСЖ го преживеа Минхен и повторно ќе игра финале! (ВИДЕО)