Вардарци го емотивен гест – никогаш заборавени (ФОТО)

778

Вардар 1961 на најдобар можен начин стави печат на шампионската титула. Сега новиот првак го победи Пелистер со 15 гола разлика и на своите навивачи им приреди незаборавна ракометна претстава, како знак на благодарност за поддршката која ја добиваа и во добрите, и во лошите денови.

После завршување на натпреварот следеше традиционалното славје и заеднички фотографии за историја.

Ракометарите на Вардар 1961 победата и титулата ја посветија на оние млади фанови кои прерано починаа, држеа транспаренти со нивните имиња и ликови.

Титулата допрва ќе се слави, Вардар планира до крајот да ги победи сите три меча и да стави круна на одличната сезона во која го освои Купот на Македонија, шампионскиот пехар и стигна до 1/4 финале во Европската лига.

ПретходноТФТ претрпе убедлив пораз во Чачак на првиот бараж меч за АБА
СледноПелистер му ја честиташе титулата на Вардар и најави дека следната сезона ќе ја врати назад во Битола