ТФТ претрпе убедлив пораз во Чачак на првиот бараж меч за АБА

61
фото: ABA liga

Кошаркарите на ТФТ доживеаја убедлив пораз н апрвиот бараж меч за влез во АБА лигата. На гостувањето во Чачак кај екипата на Борац, домашните на крајот славеа со убедливи 97:61.

Во првиот период ТФТ некако успеваше да се справи со притисокот на гостинскиот терен во првите минути, но Борац до првиот одмор веќе имаше 10 поени предност (26:16). Ништо подобро не мина ни вториот период по кој домашните на пауза заминаа со висока предност од 54:32.

Во вториот дел не се променија работите на паркетот, а Борац продолжи да го полни кошот на ТФТ. Домашните ја искористија доминацијата и лесно ја забележаа првата победа.

Дејвис со 17 поени беше единствениот на нивото на натпреварот денеска во составот на ТФТ. Кај Борац најефикасен беше Николиќ со 20 поени.

Вториот меч во Скопје ќе се одигра во недела со почеток во 21 часот.

ПретходноВрие во Битола, „Чкембари“ со порака до ракометарите: Играте како п*чки!
СледноВардарци го емотивен гест – никогаш заборавени (ФОТО)