Вардар како никогаш до сега го демолираше Пелистер и стави печат на титулата (ФОТО)

255

После три години пауза, Вардар 1961 и официјално се враќа на тронот. Најтрофејниот ракометен колектив со стил ја завери 17-та титула. На домашен терен славеше убедливо во вечното дерби против Пелистер со 34-19 (18-12).Крунисувањето на новиот првак ќе се случи во последното коло кај Бутел Скопје на гостински терен. На три кола до крајот на плеј-офот, Вардар 1961 има 56 бода, додека Пелистер остана на третото место 46 бода или два помалку од второпласираниот ГРК Охрид.

Пред полни трибини во тврдината СЦ „Јане Сандански“, Вардар го мелеше Пелистер. Иако пред само два дена избраниците на Иван Чупиќ имаа исцрпувачки натпревар против Монпеље, сепак одиграа на шампионско ниво. Атмосферата беше одлична, голем мотив за „црвено-црните“, кој на дело покажаа зошто сезонава се над сите.

После 18-12 на одморот, потврда дека ова ќе биде меч во еден правец стигна во 40-та минута, Митровиќ реализираше од седум метри за двоцифрени 22-12. На другата страна Пелистер беше испод секое ниво, за 20. минути постигна два гола, во 50-та минута беше 26-14.

Тука беше крајот, останатите минути минаа во знакот на фановите на Вардар 1961 кои уживаа во играта на своите миленици.

 

ПретходноАл-Келаифи: Луис Енрике е мојата најдобра одлука откако сум во ПСЖ!
СледноЧупиќ: Ова беше маратон, на крај заслужено сме шампиони!