Чупиќ: Ова беше маратон, на крај заслужено сме шампиони!

104

Пресреќен од победата и враќањето на шампионската титуа во Скопје, тренерот на вардарци, Иван Чупиќ пред новинарите им се заблагодари на сите кои дадоа свој придонес во оваа двојна титула.

„Секогаш може и подобро, но навистина благодарам за честитките. Во ваков амбиент, со ваков конкурент, да ја завршиме работата и да ја освоиме титулата, не можевме подобро ни да сонуваме. Ова беше вистински маратон, но на крај заслужено ја вративме титулата во Скопје. Уште еднаш им благодарам на навивачите, на целиот клуб, на сите кои ми дадоа шанса да работам во вака голем клуб и секако на сите мои играчи кои ја вратија титулата и ги вратија навивачите во сала. Секако ќе им се заблагодарам и на Талевски, Борозан и Ќосевски кои не се со нас, но беа во овој тим 4-5 месеци. Ова е голем ден за сите кои го сакаат Вардар“, изјави по натпреварот тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ.

ПретходноВардар како никогаш до сега го демолираше Пелистер и стави печат на титулата (ФОТО)
СледноШоу на Димитријевиќ: 19 поени, 8 асистенции и триумф на Баерн