Репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе настапи на турнир во Србија

70
ФОТО:FFM.MK

Репрезентацијата на Македонија до 16 години следната недела ќе биде дел од меѓународниот меморијален турнир “Миљан Миљаниќ” што ќе се одржи на терените на Спортскиот центар на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова.

Покрај домаќинот Србија и репрезентацијата на Македонија на турнирот ќе партиципираат националните тимови на Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во полуфиналето Македонија на 12 мај се среќава со Црна Гора, а почетокот на натпреварот е закажан за 13 часот. Во вториот дуел Србија за противник ја Има Босна и Херцеговина и овој меч почнува во 16 часот.

В четврток на програмата се натпреварите за пласман. Соочувањето за третата позиција стартува во 13 часот, а во 16 ќе се игра дуелот за првото место.

Селекторите на четирите репрезентации турнирот во Стара Пазова ќе го искористат како нова можност за проверка на формата на играчите кои во ноември ги очекуваат квалификации за Европското првенство што ќе се одржи следната година.

За настапот на турнирот “Миљан Миљаниќ” предводникот на македонската репрезентација, Иљами Исејни ќе смета на следниве фудбалери:

Димитар Петров (АП Брера), Илан Мемети (Лозана), Матеја Масев (Графичар), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Црвена Звезда), Илија Аксентиев (Македонија ЃП), Амар Акики (Шкендија), Никола Голејшки (Македонија ЃП), Боби Недановски (Пелистер), Ејсер Фетаи (Арсими), Аријон Алими (Македонија ЃП), Александар Полимац (ИМТ), Марин Крстевски (Црвена Звезда), Огнен Сивевски (Македонија ЃП), Благоја Седлоски (Скопје), Коста Георгиевски (Графичар), Дардан Адеми (Арсими), Стефан Ристиќ (Партизан), Филип Андоновски (Македонија ЃП).

ПретходноИма две петиции: Мбапе да си замине – 31 милиони потписи, Мбапе да остане во Реал – 26 милиони потписи!
СледноСелекторот Танески го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела!