„АС“: Арбелоа го носел Валверде на шиење во болница!

324
фото: Elite Futbol Talk | EFT (X)

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, отишол во болница со капитенот Федерико Валверде по тепачката со Орелиен Чуамени. Претходно беше објавено дека играчите се степале за време на тренингот на тимот, по што Уругваецот бил испратен во болница. Соиграчите се карале уште од вчерашната сесија. Клубот одржа итен состанок веднаш по тепачката.

Според „Ас“, сè започнало кога Валверде одбил да се ракува со Чуамени во соблекувалната. Овој гест создал непријателска атмосфера за време на тренингот. Французинот му се извинил на Уругваецот, но тој не го прифатил извинувањето. На крајот од сесијата, по вербална расправија, Валверде и Чуамени се степале.

Валверде добил удар што предизвика значителна посекотина. Раната почнала да крвари и била побарана лекарска помош. Фудбалерот доби конци на раната на лицето. По кратка процедура, тој ја напуштил болницата и сега е дома.

ПретходноШто се случувало на полувремето во Куманово: Домашните играчи побарале да бидат заменети?
Следно„Комити“ им приредија изненадување на „Чкембари“ (ФОТО)