Малус: На вистински пат сме, следната сезона ќе се случи нешто добро!

280

Вардарци вечерва имаат причина за славје, откако убедливо го совладаа Пелистер и успеаја и математички да ја вратат титулата во Скопје. Еден од ракометарите кои играат извонредна сезона е Јака Малус.

„Мислам дека никој не очекуваше ваква сезона на Вардар, не само на мене лично, туку цела екипа, кога почнавме турнири и подготовки. Со секој натпревар правиме чекор напред и уште чекориме напред. Мислам дека сме на вистински пат за следната сезона. Верувам дека ќе се случи нешто добро наредната сезона. Очекувам полна сала, кога имаме навивачи на трибините, се е можно. Гледаме дека кога имаме поддршка, никој не може да не победи. Имаме уште еден меч дома со Тиквеш и ја завршуваме сезоната. Немаме пораз дома, тоа е наша гордост“, изјави Малус.

ПретходноМагдебург ја комплетираше четворката која оди на Ф4 во ЛШ
СледноВрие во Битола, „Чкембари“ со порака до ракометарите: Играте како п*чки!