Што се случувало на полувремето во Куманово: Домашните играчи побарале да бидат заменети?

681
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Дел од медиумите на албански јазик, денеска излегоа со информација дека на вчерашниот реванш натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија меѓу Шкендија Арачиново и Шкендија (Т) (0:2, полувреме 0:0) имало сомнителни случувања.

Како што пишува infosport.mk, неофицијално дознаваат дека на полувремето имало незадоволство кај 5-6 домашни фудбалери, бидејќи не сакале да играат според одредени наредби, што довело до нивна замена во текот на второто полувреме.

Нивното излегување од игра, кое се случи по 60-тата минута, предизвика драстична промена во играта на арачиновци, а како резултат на тоа следуваа головите за победа на домашните. Симптоматични се замените на голманот Столевски со Шукриу, кој точно по еден час игра го замени стартниот голман, како замената на капитенот Амир Нухији.

ПретходноДали е ова изјава на деценијата:“Нема разлика меѓу Роналдо и Радоњиќ!“
Следно„АС“: Арбелоа го носел Валверде на шиење во болница!