Секоја чест: Ова е пораката на младиот Хрват по победата против Новак!(ФОТО)

262
ФОТО:.facebook.com/internazionalibnlditalia/

Изненадувањето на денот на Мастерсот во Рим го приреди 20-годишниот хрватски тенисер Дино Прижмиќ, кој вечерва, со пресврт, го победи Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови и се пласираше во третото коло. Ова беше нивни втор меѓусебен дуел и прва победа на Прижмиќ во кариерата над најдобриот тенисер на сите времиња и освојувач на 24 гренд слем трофеи.

Тој одигра одличен натпревар, иако на крајот од вториот сет се пожали на болки во долниот дел од грбот, иако и Новак имаше проблеми и со недостаток на енергија по двомесечна пауза. Ова во никој случај не ја намалува заслужената победа на хрватскиот тенисер, кој сигурно долго ќе го памети денешниот натпревар и големата победа што ја постигна. По натпреварот, тој покажа дека заслужува честитки за неговото однесување и почит кон големиот противник, што го демонстрираше со порака пред камера.

Ноле, ми беше задоволство“, напиша Прижмиќ веднаш по натпреварот.

Претходно“Бомба“ од Мадрид: Дон Флорентино ги започна преговорите со “Специјалниот“!
СледноЕмини стрелец за победа на Сондерјиске!