Ако им е за утеха: Пелистер со убедлива победа против Бутел!

113

По синоќешниот дебакл во “Јане Сандански“ и катастрофалниот пораз од Вардар, со што битолчани и официјално им ја предадоа титулата на “црвено – црните“, денеска во Битола во меч од 8.коло во плеј – офот во Суперлигата, Пелистер со 38:28 убедливо славеше против составот на Бутел.

Ако им е за утеха на битолчани, но јасно е дека ни оваа убедлива победа не може да го избрише фактот дека ова за довчерашниот шампион е крајно лоша сезона. Токму затоа “врие“ во Битола кај ракометните фанови, посебно “Чкембарите“ кои бараат одговори од раководството, стручниот штаб и секако играчите на Пелистер.

А дека ќе има промени, и тоа како би требало да има, тука нема никакви дилеми.

Инаку на денешниот меч кој немаше никакво резултатско значење, Пелистер во текот на целиот меч ги контролираше настаните на теренот. Првото полувреме го доби со 22:12, за да на крајот славеше со конечни 38:28.

Филип Кузмановски и Петар Атанасијевиќ кај победничкиот состав постигнаа по осум голови, додека кај гостите најефикасен беше Тодор Узунчев, исто со осум погодоци.

ПретходноТоа е Луис Енрике: Ги повикал играчите на вечера во елитен ресторан, а тој не се појавил!
СледноПролет победнички против Радовиш