Каква сензација во 2.коло на Мастерсот во Рим вечерва. Хрватот Дино Прижмиќ успеа да го победи Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови и со тоа да му нанесе болна елиминација на овој турнир. Ова е за првпат во кариерата на Србинот да биде поразен уште на стартот во Рим, досега во изминатите 18 настапи тоа не му се случило. И се до вечерва кога 20-годишнииот Хрват едноставно одигра брилјантен меч и успеа да го победи најдобриот на сите времиња, но сосема заслужено.
Првиот сет Новак го доби лесно, со 6:2 во гемови. Во продолжение од мечот дојдоа проблемите за Србинот, Прижмиќ прво го доби вториот сет со 6:2, за да во третиот и решавачки беше подобар со 6:4 во гемови за конечна победа, за голема сензација.
Инаку мечот траеше нешто повеќе од два часа а присутните фанови можеа да уживаат во фантастичниот настап на големата хрватска тениска надеж.










