Ако до вчера имаше “само“ 31 милиони потписи на онлајн петицијата да Килијан Мбапе си оди од Реал Мадрид или “кралевите“ да се “ослободат“ од него, вечерва таа бројка достигна до повеќе од 52 милиони потписи.
Ова говори многу за тоа што мислат фановите, посебно оние на Реал Мадрид за тоа како игра и како се однесува мега – ѕвездата посебно во последно време. Имено на Мбапе ова сезона која завршува му е втора меѓу “кралевите“ и сеуште нема освоено трофеј, ако не го сметаме Суперкупот на УЕФА во летото 2024 кога дојде во Реал.
Дека е хаос во Реал тоа сите го знаат, тоа го признаваат и од клубот. Од друга страна откако Мбапе си замина од ПСЖ, клубот од Париз доживеа револуција, ги има освоено сите можни трофеи а на 30 мај во Истанбул ќе се бори и за вториот пехар во низа во Лигата на Шампионите.












