Изненадувањето на денот на Мастерсот во Рим го приреди 20-годишниот хрватски тенисер Дино Прижмиќ, кој вечерва, со пресврт, го победи Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови и се пласираше во третото коло. Ова беше нивни втор меѓусебен дуел и прва победа на Прижмиќ во кариерата над најдобриот тенисер на сите времиња и освојувач на 24 гренд слем трофеи.
Тој одигра одличен натпревар, иако на крајот од вториот сет се пожали на болки во долниот дел од грбот, иако и Новак имаше проблеми и со недостаток на енергија по двомесечна пауза. Ова во никој случај не ја намалува заслужената победа на хрватскиот тенисер, кој сигурно долго ќе го памети денешниот натпревар и големата победа што ја постигна. По натпреварот, тој покажа дека заслужува честитки за неговото однесување и почит кон големиот противник, што го демонстрираше со порака пред камера.
“Ноле, ми беше задоволство“, напиша Прижмиќ веднаш по натпреварот.
Dino Prizmic signs the camera after beating Novak Djokovic in Rome:
“Nole it was a pleasure” ❤️ pic.twitter.com/smhkADZCDV
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) May 8, 2026










