Смилковски: Психолошки, емоционално и физички сме уморни!

68

ТФТ не само што не успеа да дојде до уште еден сенационален резултат оваа сезона на јадранска сцена, туку и беше убедливо поразен на гостувањето кај Борац Чачак со 97-61 во првиот меч за влез во АБА-лига.

„Веќе реков во објавата дека ова е ролеркостер и сезона од соништата за нас. Се најдовме во финалето на АБА лигата, што е најголемиот успех на нашата франшиза. Но, тоа доведе до огромен број натпревари, 16 во последните 40 дена. Психолошки, емоционално и физички сме уморни. Имаме малку време за тренинг. Што се однесува до натпреварот, она што би сакал да го кажам е апсолутно заслужена победа за Борац. Можеше да се види квалитетот на тимот, кој има одлична традиција. Тие беа подобар противник. Ми се допадна пристапот и енергијата на тимот во првото полувреме. Она што го немавме беа 20 слободни фрлања. Се надевам дека Дејвис е добро. Следен натпревар.“

Вториот натпревар се игра на 10 мај, а домаќин е македонскиот тим, кој ќе има шанса да се реваншира и да се избори за мајсторка.

ПретходноКостадинов со операција на раката, Станковски ја лечи задната ложа
СледноВо недела ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К: Скопје повторно во тркачки ритам