ЕХФ го прогласи голот на Манасков против Барселона за најубав во ЛШ во сезоната 2025/26!(ВИДЕО)

148

Уште еднаш медија тимот на ЕХФ се воодушеви од магијата на Дејан Манасков, но и од Никола Митревски. Левото крило на Пелистер само ја заврши акцијата со прекрасен гол која ја започна голманот на битолчаи и репрезентацијата на Македонија. Токму тој го на мечот меѓу Пелистер и Барселона во Битола, ЕХФ го прогласи за најубав во сезоната 2025/26 во ракометната Лига на Шампиони.

Магија, едноставно магија на двајцата мајстори на ракометната игра, на двајцата Македонци.

Овој гол според некои проценки ќе биде во конкуренција и за гол на деценијата во ЛШ.

Секоја чест за Митревски и Манасков и нивната магија.

ПретходноСилекс нема намера да го менува пристапот против Вардар
СледноЛудило во Сараево: Панини сликичките “пламнаа“ за неколку часа, се чека нов контигент!