Каков шок: Фановите на Тотенхем мора да навиваат за Арсенал!

45
фото: Premier League (X)

Во пресрет на утрешниот дуел меѓу Вест Хем и Арсенал, голем шок за фановите на Тотенхем. Дали навивачите на Тотенхем се молат Арсенал да не ја освои титулата? Да.
Дали навивачите на Тотенхем се молат Тотенхем да не испадне? Секако.
Единственото прашање сега е што им е поважно, бидејќи Арсенал и Вест Хем се среќаваат во директен дуел, првиот кандидат за титулата и ќе биде на дофат на трофејот ако слават, додека „Чеканите“ се директен ривал на Тотенхем во борбата за опстанок.
Ете, затоа фановите ќе мора да навиваат за архи непријателот, бидејќи секое друго сценарио го става Тотенхем во голема опасност од испаѓање во Чемпионшип.
Сепак веројатно дека има и такви кои попрво би сакале да го видат Тотенхем во Чемпионшип отколку Арсенал на тронот.

ПретходноМанев ја победи Звезда на „Рајко Митиќ“, Деспотовски одигра реми против Партизан на „ЈНА“
СледноМексиканските школи ќе затворат 40 дена порано поради Мундијалот