Пелистер преферира сам да си ја одработи задачата

66
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola/

Како што наближува крајот на сезоната во ПМФЛ, комбинаториките во борбата за подобри позиции стануваат погласни, при што секоја страна јасно знае кон што цели. ФК Пелистер како прволигашки клуб со голема традиција е повеќе од локален бренд, но оваа година имаше слаб старт на сезоната и сѐ уште го нема потврдено опстанокот во елитното друштво за следната година.

Оттука, целта на битолските „зелено-бели“ е јасна и недвосмислена, а резултатите во пролетниот дел на сезоната говорат дека нивната кампања е поуспешна отколку во есенскиот дел. Откако успеа да се врати непоразен од дуелите со директните конкуренти Работнички, а претходно да избори позитивни резултати со Вардар, Шкендија и Силекс, сега Пелистер го пречекува Шкупи на домашен терен.

„Иако Шкупи настапува со подмладен состав, нашиот респект кон овој клуб со голема традиција и голем број освоени трофеи мора да биде на ниво. Никој не смееме да потцениме, бидејќи нивните играчи се борат до последно и се обидуваат „скапо да си ја продадат кожата“. Пелистер преферира сам да си ја заврши работата и да не чека како ќе завршат другите натпревари. Согласно тоа, од играчите секогаш го барам истото, да играат дисциплинирано и ангажирано, односно на терен да ја покажат желбата за победа и својот квалитет, а не со празни зборови. Ние мора да си го одработиме нашиот дел, бидејќи опстанокот во ПМФЛ нема да се случи ако континуирано не освојуваме бодови и не ги користиме шансите. Затоа повеќе пати апелирав играчите добро да се мотивираат и во никој случај да не го потценат противникот“, изјави Марјан Секуловски, шеф на стручниот штаб на Пелистер.

ПретходноДоби суспензија поради инцидент во Валенсија, а сега моли да му простат
СледноАрбелоа живее во свој свет: Имаме одлична атмосфера, горд сум на моите играчи!