Реми на „Енфилд“: Челзи конечно ја прекина црната серија!

16
ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/

Ливерпул – Челзи 1:1 е исходот од попладневниот меч од 36.коло во Премиерлигата кој се одигра на „Енфилд“. Па така со ова реми “сините“ од Лондон конечно ја прекинаа црната серија од шест порази во низа во Премиерлигата. Иако е освоен само бод, сепак не е седми пораз, ако е за утеха на сите во Челзи.

Инаку “Редси“ поведоа со голот на Гравенберг во 6.минута. Во тие моменти се чинеше дека составот на Арне Слот нема да има проблем да ја продолжи агонијата на Челзи. Сепак не беше така, иако и едноте и другите имаа шанси, и зицери, гостите во 35.минута Енцо Фернандез израмни на 1:1 со по малку чуден гол по кој сите се прашуваа што прави одбраната на домашниот состав.

И тие 1:1 останаа конечни, иако и Ливерпул и Челзи можеа да дојдат до победа.

ПретходноПСЖ и Енрике подготвуваат нешто ново!
СледноМартин победи на спринтот во Ле Ман, страшен пад на Марк Маркез!(ВИДЕО)