Струмица 2001 е нов суперлигаш!

80

Првата македонска лига има нов шампион. Тоа е екипата на Струмица 2001 која што во серијата за пласман во ранг погоре беше подобра од екипата на Бутел од Скопје.

Во одлучувачкиот дуел, струмичани беа подобри со конечни 81:76, и победија во серијата со конечни 2:1.

Струмичани имаа постојано водство во текот на сите 40.минути, и во ниту еден момент не му дозволија на гостинскиот тим да се понадева, да размислува за било какво изненадување.

По првиот период од играта имаа водство од (22:19), кое го зглемија до одморот, имаа плус 7, (45:38).

Ништо не смени и по паузата од 15.минути, струмичани беа сигурни и во продолжението од играта, во кое дојдоа и двоцифрено водство, а по три одиграни четвртини имаа позитива од (69:60).

Сосема доволна за освојување на вториот и одлучувачки поен во серијата која го даде новиот член на Супер лигата во натпреварувачката сезона 2026/2027.

СТРУМИЦА 2001 – БУТЕЛ 81:76 (2-1)

(22-19; 23-19; 24-22; 12-16)

А Димитар Пандев е најзауслужниот што Струмица 2001 се стекна со суперлигашка промоција. Кога беше најпотребно во оваа „мајсторка“ реализираше 30.поени со кои го предводеше струмичкиот тим до крајната цел.

Му помогнаа Александровски, кој постигна 17.поени и Јовановиќ кој запре на 11. реализации.

Во гостинската екипа, капитенот Мартиноски даде 15.поени, Андоновски имаше 12, а искусниот Јанески ја заврши сезоната со десет реализирани поени.

 

 

 

ПретходноМексиканските школи ќе затворат 40 дена порано поради Мундијалот
СледноГолот на Влаховиќ доволен за триумф на Јуве над Лече