Шабани: Ќе биде вистинско дерби во Тетово, верувам во успех

49

Струга Трим Лум сѐ уште се надева дека може да стигне до втората позиција на табелата, иако има заостанување од шест бода во однос на Шкендија, а денеска гостува токму во Тетово.

Капитенот на тимот, Буњамин Шабани, вели дека тој и соиграчите се подготвени за надигрување.

„Нѐ очекува дерби натпревар против многу квалитетен тим. Мислам дека ќе биде многу интересен меч и празник за сите љубители на фудбалот. Што се однесува до нас како екипа, можам да кажам дека подготвени го очекуваме овој дуел“, изјави Буњамин Шабани.

„Статистиката во вакви мечеви не значи многу, бидејќи секој натпревар е посебна приказна. Ќе влеземе во игра со цел да го дадеме најдоброто од себе, да ја играме нашата препознатлива игра, добро да го спроведеме тактичкиот дел, она што го бара стручниот штаб и верувам дека на крајот резултатот нема да изостане“, дополни Шабани.

ПретходноГРК Охрид сонува да го урне новиот првак, Чупиќ дециден по ова прашање!
СледноДоби суспензија поради инцидент во Валенсија, а сега моли да му простат