Трите дуели од пладневната програма во Премиер лигата завршија без победник односно со нереѓен резултат.
Во оној во кој што играа екипите на Барнли и Астон Вила беа постигнати четири гола, а конечниот резултат гласи 2:2. Ентони донесе водство, а израмни за гостите Рос Баркли. Воткинс погодува за 1:2, а конечниот резултат го постави Флеминг.
Со идентичен резултат 2:2, заврши и дуелот Кристал Палас – Евертон. Тарковски за 0:1, Сар израмни по половина час. Бето за ново гостинско водство, а Матета донесе реми и на овој дуел.
Барнс му донесе водечки погодок на Њукасл на гостувањето кај Нотингем Форест во 77. минута, за да Андерсон на две минути пред крајот израмни на 1:1.










