Лазаров: Не треба да ја потцениме Словачка, верувам во овие момци!

181

Македонската ракометна репрезентација ознчи старт на мини подготовките за пласман на Светското првенство 2027 година. На патот до нов Мундијал стои селекцијата на Словачка, првиот меч се игра на гостински терен на 14 мај, додека реваншот е за три дена во СЦ „Борис Трајковски“.

„Ова е бараж за Светко првенство, и имаме големо искуство и ние како стручен штаб, и одреден дел од играчите. Без разлика на противникот, ова се одлучувачки натпревари, и дека се играат под голем притисок поради важноста на истиот. Имаме почит кон селекцијата на Словачка, која што подолг период функционира заедно со еден селектор, што доаѓа од земја која што дава најдобри тренери во сите спортови, воопшто, од Шпанија. Имаат изграден добар систем, немаат поединци, кои се истакнуваат, туку играат тимски, системски. Имаме голема почит, нема да биде лесно, тоа сме свесни.

Од минатиот бараж за Мундијалот, против Фарски острови, треба да ја научиме лекцијата, дека особено на гостински терен, дека секој гол е важен, дека треба да бидеме максимално одговорни, дисциплинирани, да имаме добар ритам, концентрација во сите шеесет минути. Татран Прешов го одбраа местото за домаќин, позната ракомента мека, што се однесува за Словачка. Публиката таму го познава ракометот, знае да направи атмосфера. Треба да зборуваме доста и на таа тема, сигурно ќе биде полна сала“, изјави Лазаров на денешниот собир. 

Предводникот на нашиот најдобар национален тим вели дека верува во своите момци, националниот дрес е светост и треба да се почитува.

„Како што ние гледаме свои шанси, тие можат да се пофалат дека од првиот шешир го добиле најлесниот противник. Тоа Македонија, а не е Франција, Шпанија… сигурно дека гледаат шанса. Овие три четири дена мора да ги искористиме максимлано. Ќе работиме како стручен штаб сме подготвени за она што не очекува. Се надевам дека дуелот ќе го сфатиме одговорно. Тимот кој што го добивме е млад, од дваесет повикани ракометари, деветнаесет се под триесет години. Единствен искусен репрезентативец е Николче Митревски, кој што секогаш носел и ќе носи дополнителен квалитет. Многу верувам, знаеме што сакаме. Мижеби фали тоа искуство за вакви натпревари, но тоа ќе го надокнадиме со борбеност, ентузијазам. Националниот дрес е светост, треба да се почитува истиот, и треба да ги почитуваме играчите кои што доаѓааат од клубовите како репрезентативци“.

Лазаров ја повика македонската јавност да дојде на реваншот и да ги поддржи момците кон пласман на нов Мундијал.

„Прва задача ни е Прешов, каде што очекувам цврт натпревар, со многу прекини пред се поради важноста. Па во реваншот во Скопје очекувам полна сала, максимална поддршка. Гледаат шанса во овој дуел затоа што го добија најпосакуваниот противник. Ние на ЕП сме намачивме за да дојдеме до тој прв шешир, да бидеме повластени во баражот за Мундијалот.За нас како спорт и како ракомет Мундијал значи многу. Светско првенство 2027, тука се и Олимписките игри“. 

ПретходноФудбалер на Порто нападнат со нож пред својата ќеркичка и ограбен!(ФОТО)
СледноМиовски погоди греда, Ренџерс го загубија дербито против Селтик