Пеп со еден потег ги насмеа новинарите: Еве што направи менаџерот на Сити!(ВИДЕО)

115
Фото: Манчестер Сити Х

Нема дилеми дека Манчестер Сити не се откажува од трката за титулата. Тоа го кажа и самиот Пеп Гвардиола кој изјави дека Сити ќе го брка Арсенал до самиот крај во трката за титулата во Премиер лигата, откако неговиот тим ја намали разликата на само два бода со победа против Брентфорд. Сити славеше со 3-0 со головите на Џереми Доку, Ерлинг Халанд и Омар Мармуш, ставајќи притисок врз Арсенал пред нивното денешно гостување кај Вест Хем.
Воодушевениот Гвардиола го заврши своето обраќање на пресот со “Come on you Irons“ слоганот на навивачите на Вест Хем, додека ги прекрсти рацете во знак на поддршка на Вест Хем. Ова ги насмеа собраните новинари, а Гвардиола веднаш стана од столчето и си замина.

Ние ќе си ја завршиме нашата работа. Ќе си го завршиме нашиот дел и ќе чекаме“ рече покрај другото Гвардиола.

ПретходноЛуковиќ се збогува со Куманово: Засекогаш останувате во моето срце!(ФОТО)
СледноТФТ нема право на кикс против Борац Чачак