Тодороски не запира: Нов гол за нова победа на ТСЦ (ВИДЕO)

71
фото: FK TSC (FB)

Македонскиот интернационалец во дресот на ТСЦ Бачка Топола, Андреј Тодороски, ја продолжи голгетерската форма. Вечерва во меч од 35. коло на српската Суперлига, екипата на ТСЦ славеше со високи 6:1 дома против Јавор, а Тодороски повторно беше прецизен.

Нашиот потенцијален репрезентативец погоди за водство на домашните од 1:0 уште во 8. минута на средбата. За Тодороски ова беше деветти сезонски гол кој го носи во ТОП 10 листата на најдобри стрелци во српскиот шампионат.

ПретходноЛуд пресврт на Рома: Губеа до 94. минута, па потоа погодија двапати за победа (ВИДЕО)
СледноПреставници на Ливерпул се интересирале кај Реал каков тренер е Алонсо