Арсенал на чекор до титула, Вест Хем на чекор до Чемпионшип

104

Фудбалерите на Арсенал дојдоа на чекор до освојување на титулата во Премиер Лигата, откако ја совладаа екипата на Вест Хем со 0:1. Момците на Микел Артета одиграа многу тежок и тврд натпревар, но на крајот успеаја да стигнат до нова победа.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Леандро Тросар во 83-тата минута. До крајот на мечот домашните притискаа и успеаја да постигнат гол преку Калум Вилсон во 95-тата минута, но судијата го поништи голот поради фаул над голманот.

Со оваа победа Арсенал останува на првото место со 79 бода, а Вест Хем е на 18-тата позиција со 37 бодови.

ПретходноТрета година по ред: Мулти Есенс е младински шампион!
СледноФудбалерите и медицинскиот тим на Тиквеш притрчаа во прва помош на настрадани во сообраќајна несреќа (ФОТО)