Докторите, физиотерапевтите заедно со фудбалерите и стручниот штаб на ФК Тиквеш, денеска на враќање од Скопје кон Кавадарци на клучката кај Мирковци притрчаа во прва помош на повредени лица во една сообраќајна несреќа.
Имено, автобусот со кој фудбалерите на Тиквеш се враќаа во Кавадарци по победата над Македонија ЃП во домашното првенство, запре на автопатот за дел од медицинските лица притрчаат во помош на настраданите за да се спасат човечки животи.
Хуманоста е највисока вредност во животот! Секоја чест за кавадарчани!











