Арсими и Башкими денеска во Гостивар во атак на клучни бодови

29
ФОТО: FFM.MK

Арсими денеска, пред своите навивачи во Гостивар, ќе го одигра еден од најважните натпревари во тековната сезона. Против екипата на Башкими, гостиварската екипа ќе атакува на исклучително важни три бода, кои значително би ја доближиле до обезбедување опстанок во Првата лига.

Во пресрет на овој дуел свое очекување изнесе дефанзивецот на Арсими, Џелил Абдула, кој потенцира дека натпреварот ќе биде исклучително тежок, но целта е јасна, а тоа е победа.

Нè очекува многу тежок натпревар бидејќи го знаеме квалитетот што го поседува Башкими, но нашата цел е јасна позитивен резултат”, изјави Абдула.

На две кола пред спуштање на завесата во ПМФЛ, Арсими и Башкими излегуваат на директна пресметка која може да вреди опстанок. „Златните“ бодови се на маса, а притисокот е доведен до точка на вриење.

Домаќинот Арсими е во одлична серија со 10 освоени бодови од последните пет меча, но Башкими по триумфот над Шкендија покажа дека знае како со фаворитите. Кумановци доаѓаат во Гостивар со една цел – дефинитивен опстанок во прволигашкото друштво.

Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Арсими бара бодови за бегство од зоната на баражот, додека Башкими сака крај на сезоната без грижи. Ние сме екипи кои меѓусебно се почитуваат, но во текот на тие 90 минути секој ќе се бори за ‘златните’ три бода,“ изјави Реџеп Мурати.

Во досегашните 10 меѓусебни пресметки меѓу овие две екипи, Арсими забележал 5 победи, 2 натпревари завршиле нерешено, додека Башкими триумфирал 3 пати.

Натпреварот од 31-то коло помеѓу Арсими и Башкими ќе се одигра на стадионот во Гостивар, со почеток во 16:00 часот.

ПретходноРаботнички мора, ама баш мора денеска да победи, во спротивно…!
СледноКлубот на Ѓоковиќ слави пласман во елитата!(ФОТО)