Андреј Јакимовски и неговите соиграчи во тренто извојуваа многу важна победа над Милано со 84:74 и се уште се во игра за последното место кое води во италијанскиот кошаркарски плеј-оф.
Нашиот репрезентативец и денеска беше солиден во составот на Тренто постигнувајќи седум поени за околу 24 минути кои ги помина на паркетот. Покрај тоа, Андреј мечот го заврши и со еден скок и две асистенции. Статистички, Андреј погоди две тројки од четири обиди и имаше едно погодено слободно фрлање.
Тренто останува во битка за место во ТОП 8 во последните две кола од сезоната.










