Големите фудбалски клубови не ги забораваат своите легенди. Еден таков е и германскиот бундеслигаш Мајнц 05 кој еден дел од трибините на стадионот го посвети на нашиот Николче Новески.
Поранешниот репрезентативец на Македонија остави длабока трага во поновата историја на германскиот клуб и не случајно го доби статусот „Легенда“, како што впрочем гласеше и денешната објава на Мајнц на социјалните мрежи.
Новески во периодот од 2004 до 2015 година одигра 315 официјални натпревари и како дефанзивец имаше дури 12 постигнати голови. Голем број од овие мечеви, Новески ги одигра и со капитенската лента на раката.










