Малешевиќ со апел до битолчани за дуелот со МЗТ Скопје

35

Пелистер и МЗТ Скопје денеска го играат вториот полуфинален натпревар во плеј-офот. Актулениот првак го дели победа до пласман во финалето, мечот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот. Првата пресметка ја понуди целосната возбуда, битолчани паднаа во последниот период.

Српскиот интернационалец верува дека „пелистерци“ со помош на публиката можат да дојдат до триумф и да се изборат за мајсторка во полуфиналето

„Штета, бевме блиску до изненадување и на првиот меч, но ситни детали го одлучија победникот. Го анализиравме тој натпревар и нема сомнеж декаа ќе сториме се за грешките да не ги повториме и на вториот дуел од полуфиналето. Мораме да играме брзо, ние да го наметнеме нашиот ритам на игра, како во одбраната, така и во нападот. Секако ќе ни треба поддршка, ги повикувам навивачите да ни помогнат, да дојдат во што поголем број, за заедно да победиме и да се избориме за мајсторка во Скопје“, изјави Никола Малешевиќ, еден од најдобрите кошаркари на Пелистер оваа натпреварувачка сезона.

ПретходноВМФЛ: Ќе биде “жешко“ во Штип, Брегалница против Шкендија Арачиново!
СледноРаботнички мора, ама баш мора денеска да победи, во спротивно…!