Фудбалер на Порто нападнат со нож пред својата ќеркичка и ограбен!(ФОТО)

31

Полјакот Јан Беднарек и неговото семејство доживеале вистинска драма во Порто, кога група крадци провалиле во нивниот дом, што предизвикало шок во Португалија.
Според извештаите на португалските медиуми, полскиот стопер се вратил дома околу 21 часот по вечерата и во својата куќа пронашол пет непознати лица.
Се наведува дека станува збор за четири мажи и една жена кои зборувале шпански. Ситуацијата одеднаш се влошила кога еден од напаѓачите извадил нож и му се заканил на Беднарек, а сè се случило пред очите на неговата четиригодишна ќерка. Истрагата покажала дека напаѓачите веројатно со недели ги следеле движењата на фудбалерот и го искористиле моментот кога куќата била празна, но дека не очекувале тој брзо да се врати. За среќа, немало физички повреди, но семејството на полскиот фудбалер доживеало сериозен шок.
Разбојниците украле два часовници, два венчални прстени и нараквица, со вкупна вредност од околу 150.000 евра. Полицијата реагирала брзо и започнала темелна истрага, додека Порто веднаш испратил тим за поддршка за да им помогне на играчот и неговото семејство да се опорават од трауматичниот настан.

ПретходноВреме е за „Ел Класико“: Барса подготвена за крунисување, Реал сака да заборави на хаосот што му се случува!
СледноЛазаров: Не треба да ја потцениме Словачка, верувам во овие момци!