Селекторот на Аргентина објави проширен список од 55 репрезентативци за претстојниот Мундијал

108

Репрезентацијата на Аргентина е актуелен освојувач и бранител на титулата од последниот Мундијал одигран во Катар, а сега „Гаучосите“ секако дека ќе бидат едни од фаворитите за претстојниот турнир кој што летово ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, објави обемен, прошитен и пред се првичен список на репрезентативци на кои ќе смета за овој турнир, список кој што секако до почетокот на истиот ќе се „преполови“ што се вели.

Скалони конечниот список од 26 репрезентативци планира да го објави на 2 јуни, а дотогаш сите овие 55 играчи кои се на списокот, имаат задача да му докажат дека се достојни да бидат дел од финалниот состав.

Секако, Аргентина и овојпат ќе биде предводена од Лионел Меси, кој што можеби не игра веќе на највисоко ниво, односно е дел од МЛС шампионатот, но и натаму е сериозен авторитет во репрезентацијата и е потребен на терен. Од друга страна пак, ниту во овие 55 играчи го нема Паоло Дибала на изненадување на аргетинската јавност.

Голмани: Емилијано Мартинез (Астон Вила), Џеронимо Руи (Марсеј), Валтер Бенитез (ПСВ), Хуан Мусо (Атлетико Мадрид), Факундо Камбезе (Расинг), Сантијаго Белтран (Ривер Плата)

Одбрана: Агустин Гуај (Палмеирас), Науел Молина (Атлетико), Гонзало Монтиел, Херман Песела (Ривер Плата), Николас Капалдо (Хамбургер), Кевин Мекалистер (Унион), Лукас Мартинез (Ривер Плата), Маркос Сенези (Бурнемаут), Лисандрончес (Бенфика), Кристијан Ромеро (Тотенхем), Леонардо Балерди (Марсеј), Лаутаро ди Лоло (Бока Јуниорс), Саид Ромеро (Хетафе), Факундо Медина (Ленс/Марсеј), Николас Таљафико (Лион), Маркос Акуња (Ривер Плата)

Среден ред: Масимо Пероне (Комо), Леандро Паредес (Бока Јуниорс), Гвидо Родригез (Валенсија), Анибал Морено (Ривер Плата), Енцо Фернандез (Челзи), Родриго де Пол (Атлетико), Езекиел Паласиос (Баер), Алексис МепосоБеЛи (Баер), Алексис МепосоБеЛи (Комо), Николас Домингез (Нотингем), Алехандро Гарначо (Челзи), Николас Гонзалес (Атлетико), Клаудио Ечевери (Жирона), Милтон Делгадо (Бока Јуниорс), Алан Варела (Порто), Езекиел Фернандез (Баер), Емилио Стритго Бунандија (Баер), Емилио Стритго Бунандија (Баер) (Атлетико), Томаш Аранда (Бока Јуниорс)

Напад: Џулијано Симеоне, Хулијан Алварез, Николас Гонзалес (сите Атлетико Мадрид), Лионел Меси (Интер Мајами), Лаутаро Мартинез (Интер), Сантијаго Кастро (Болоња), Франко Мастантуоно (Реал Мадрид), Џанлука Престиани (Бенфика), Матиас Сулего (Бенфика), Матиас Сулего (Ро) Лопез (Палмеирас), Матео Пелегрино (Парма)

ПретходноАрсенал победи, ама навивачите „изедоа ќотек“ (ВИДЕО)
СледноИнтер без Чалханоглу и Турам во финалето од Купот против Лацио