Тотенхем одигра само реми со Лидс кога најмногу му требаше победа

35

Ако некогаш беше потребна победа во таборот на Тотенхем тоа беше вечерва. Сепак, „Топџиите“ и покрај императивот на домашен терен во најновото коло од Премиер лигата одигра само 1:1 против Лидс и сеуште не си обезбедил опстанок сезонава.

Иако имаше водство, кое што го донесе со прекрасен гол Матис Тел во 50. минута, сепак домаќинот на овој меч не издржа да не прими гол.

Лошата реакција во одбраната на Тотенхем, донесе пенал за гостите кој што во гол и 1:1 го претвори Калверт Левин во 74. минута.

Поради ВАР проверката на оваа ситуација, а и поради неколку други моменти, овој меч имаше тринаесет минути продолжение. Во кое Тотенхем тргна со сите сили, но Лидс беше тој кој што ја погоди гредата и имаше најголема шанса да победи.

Сепак, тоа не се случи, а не се случи ниту ново водство за домаќинот. Кој што на две кола до крајот има 38 поени и е само едно место над опасната зона.

 

ПретходноБолоња ги „шокираше“ Елмас и Наполи