Њујорк ја „збриша“ Филадефија, Минесота израмни против Спарс (ВИДЕО)

123
фото: New York Knicks (X)

Њујорк Никс се пласираше во финалето на Источната конференција на НБА откако убедливо ја победија Филаделфија со 144-114 во четвртиот натпревар од полуфиналната серија, со што ги елиминираа „76ерс“ со 4-0 во серијата.

Никсите, предводени од Џејлен Брансон и Џош Харт, повторно одиграа доминантен натпревар, а исто така изедначија рекорд во плејофот на НБА со 25 постигнати тројки. Дјус Мекбрајд, кој го започна натпреварот на местото на повредениот Ануноби, постигна 25 поени од седум тројки, од кои четири беа во првата четвртина. Брансон додаде 22 поени, додека Џош Харт и Карл-Ентони Таунс постигнаа по 17 поени.

Кај Филаделфија Џоел Ембид го заврши натпреварот со 24 поени, додека Тајрис Макси додаде 17, но Сиксерси не успеаја да се пласираат понатаму од втората рунда од плејофот оваа сезона.

Минесота го победи Сан Антонио со 114-109 дома, изедначувајќи во полуфиналето на Западната конференција на 2-2. Ентони Едвардс постигна 16 од своите 36 поени во четвртата четвртина. Наз Рид, исто така, одигра клучна улога во победата, бидејќи ѕвездата на Сан Антонио, Виктор Вембањама беше исклучен во втората четвртина. Рид заврши со 15 поени и девет скока.

Дирон Фокс и Дилан Харпер го предводеа Сан Антонио со по 24 поени, додека Стефон Касл додаде 20. Сан Антонио е домаќин на 5-тиот натпревар.

ПретходноТитула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)
СледноМусовски со гол го спаси Сиетл од пораз (ВИДЕО)