ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГОРДО ГО СЛАВИ НОВИОТ УСПЕХ НА БУЗАЛКОВСКИ

13

Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство и гордост продолжува да ги поддржува македонските спортисти. Тие се нашите најдобри амбасадори кои со своите успеси достојно ја претставуваат Македонија на светската спортска сцена.

Денес ја споделуваме одличната вест за новиот успех на мотоциклистот Христијан Бузалковски, со кого Видеолотарија Касинос Австрија успешно соработува веќе пет години.

Бузалковски изминатиот викенд оствари извонреден резултат освојувајќи го третото место на FIM European STK1000 CUP, уште еднаш потврдувајќи го својот талент, посветеност и шампионски дух. Овој успех претставува уште еден значаен чекор во неговата кариера, но и голема мотивација за младите спортисти кои сонуваат за европски и светски успеси.

„Викендов стартуваа првите трки од FIM EUROPEAN STK 1000 CUP на стазата Гробник во Хрватска.  Уште од самиот почеток успеавме да направиме добар сетап на моторот, да бидеме брзи и да напредуваме од сесија во сесија! Имавме добри квалификации и бевме блиску со сите возачи во нашата класа! Успеавме на двете долги трки и на спринтот да завршиме на третата позиција, иако имавме шанса за повисоко место на подиумот , но тоа се трките. Сезоната е долга, знаеме каде треба да напредуваме во однос на другите возачи од нашата класа и ќе дадеме се од себе за следната трка да се претставиме уште подобро! Огромна благодарност до сите наши поддржувачи, спонзори и фанови! Без вас ништо од ова не би можело да се реализира!“, изјави Бузалковски.

Поддршката на спортот и спортистите е важен дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во развојот на спортот и промовирањето на здрави животни вредности и спортски навики кај младите.

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија останува посветен партнер на младите таленти од спортот, образованието, културата и медицината, поддржувајќи ги оние кои со својата работа, дисциплина и визија создаваат успешни приказни за Македонија.

ПретходноЗечевиќ е четвртото засилување на ГРК Охрид за идната сезона