Јамал со екстра провокација на прославата на Барса: Фала ти господе што не сум мадридиста (ВИДЕО)

119

Денеска се одржа големата парада, односно прослава на тимот на Барселона по повод новата титула освоена во Примера.

Истата беше „запечатена“ на најдобар можен начин со победа во домашното Ел Класико над Реал Мадрид со 2:0.

Барса заслужено е најдобра, и заслужено денеска со големиот автобус продефилира низ главниот град на Каталонија.

Главната звезда на тимот Јамал, не беше дел од Ел Класико поради повреда, но беше број 1 на самата прослава.

Не потфрли, напротив, го имаше најдобриот „потег“. Јамал во еден момент пред илјадниците фанови се пофали со дрес на Барселона на кој што пишуваше, „благодарам господе што не сум мадридиста“ на што толпата реагираше со воодушевување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

ПретходноПознат списокот на Босна кој ќе патува на Мундијалот
СледноБолоња ги „шокираше“ Елмас и Наполи