Познат е распоредот за 32.коло во ПМФЛ: Вардар в петок во Струга ја заверува титулата!

128

Познати се термините поточно распоредот на натпреварите за 32.коло или претпоследно во ПМФЛ за оваа сезона. Три натпревари се играат во петок (15.05.26) и три во сабота (16.05.2026) и сите од 16 часот.

Познато е дека Вардар и официјално да стане шампион, му е потребно во последните две кола само еден бод. Па така ако во петок во Струга ТЛ актуелниот лидер освои бод или три, тогаш и официјално ќе биде шампион на Македонија, без разлика што ќе направи Шкендија дома со Брера.

Тетовци се надеваат на пораз на Вардар во Струга за да можат во последното коло на гости во директна битка решаваат за титулата, сепак тоа сценарио тешко дека ќе се случи. Тешко дека Вардар во петок ќе си дозволи пораз од Струга ТЛ.

Распоред на натпревари за 32.коло:

ПЕТОК – 15.05.2026 (16 Ч)

Струга: Струга ТЛ – Вардар

Тетово: Шкендија – Брера

Кратово: Силекс – Арсими

САБОТА – 16.05.2026 (16 Ч)

Гостивар: Башкими – Македонија ЃП

Кавадарци: Тиквеш – Пелистер

Скопје: Шкупи – Работнички

ПретходноФлик го потврди новиот договор со Барса и коментираше за потегот на Јамал со палестинското знаме! (ВИДЕО)
СледноДетали за скандалот во Италија: Тео Ернандез бил “главен“ во забавите со ескорт-девојките!(ВИДЕО)