РК Вардар ја продолжи соработката со Марио Келентриќ до 2028!(ФОТО)

34
ФОТО:facebook.com/rkvardar

РК Вардар ја продолжи соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ, кој и во наредните две сезони ќе остане дел од стручниот штаб на „црвено-црните“. Според новиот договор, Келентриќ ќе работи во клубот до јуни 2028 година.

Келентриќ пристигна во Вардар во јуни 2025 година, и легендарниот хрватски голман дојде во Скопје со богато искуство и енергија, откако работеше во Германија.

Келентриќ беше дел од „златната генерација на Хрватска“ која го освои светското злато во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004. Бранел за Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен и Мелсунген, а како тренер работел во Гумерсбах, каде четири години бил задолжен за сите категории на голмани во клубот. Исто така работел и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и во ППД Загреб и Слога Добој

Одлуката за продолжување на соработката доаѓа по сезона во која Вардар се врати на трофејните патеки на домашната сцена и повторно ја освои двојната круна во Македонија. Голманите на Вардар на многу натпревари беа еден од клучните фактори за добрите резултати, а за нивната форма се грижи Келентриќ.

Покрај домашните успеси, Вардар имаше и значаен европски настап, откако стигна до Топ-8 фазата во Лига Европа.

Задржувањето на Келентриќ е важен чекор кон стабилност и континуитет во работата на стручниот штаб.

ПретходноПетровски: Благодарност до моите играчи, кои цела сезона се жртвуваа и се откажаа од многу работи за да стигнеме до титулата
СледноФИФА Арена во Босилово: Отворен првиот терен од глобалниот проект на ФИФА во Македонија!(ФОТО)