ПСЖ го отвора “Паркот на Принцовите“ за финалето со Арсенал!(ФОТО)

105
ФОТО:x.com/PSG

Полека, но сигурно се загрева атмосферата во таборот на европскиот првак. Имено ПСЖ објави дека ќе го отвори својот стадион „Паркот на Принцовуте““ за сите навивачи кои сакаат да го гледаат финалето на Лигата на шампионите против Арсенал.

Натпреварот ќе се игра на 30 мај во унгарската престолнина Будимпешта, но само неколку илјади француски навивачи ќе имаат можност да го бодрат тимот во живо, а интересот е огромен, пишува весникот „Ле Паризиен“.

Продолжувајќи ја традицијата од минатата година, ПСЖ ќе организира пренос во живо од финалето на Лигата на шампионите на стадионот „Паркот на Принцовите“ на 30 мај. Овој извонреден настан влезе во историјата во 2025 година со својата незаборавна атмосфера, а единството меѓу клубот и навивачите се зајакна и со врвна музичка и уметничка програма“, напиша клубот.

Билетите за натпреварот на парискиот стадион наскоро ќе бидат пуштени во продажба, а повеќе детали ќе објави францускиот шампион во четврток.
Минатата година, стадионот „Паркот на Принцовите“ беше исполнет со 48.000 гледачи, кои го гледаа ПСЖ како го победи Интер со 5-0 на џиновски видео екрани и ја освои првата титула во Лигата на шампионите во историјата.

ПретходноМанчестер Сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?!
СледноЈамал му “одговори“ на Белингам!(ФОТО)