ЕП 2026: Георгиевски и Рељиќ запрени во четвртфиналето

13
фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT

Најдобрите македонски таеквондисти, кандидати за настап на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, не успеаја да влезат во борба за медал на Европското првенство за сениори кое се одржува во Минхен, Германија.

Носителот на сребрен олимписки медал од Токио, Дејан Георгиевски, мина едно коло во категоријата над 87 килограми. Во првото коло тој беше слободен, во второто со 2:1 славеше над Турчинот Атесли, по што во четвртфиналето загуби со 2:0 од Шпанецот Гарсија Мартинез.

Филип Блажевски во категоријата под 80 килограми загуби уште во првата борба против Исланѓанецот Сигурјонсон (2:0), а Милјана Рељиќ, како и Георгиевски, во осминафиналето славеше над грчката репрезентативка Сарванаки со 2:0, по што во четвртфиналето беше запрена од Столбова од Чешка (2:1).

ПретходноМитревски: Овој меч е само едно полувреме, подготвени сме за добар резултат