„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: ЖКК „Вардар“ ќе го организира завршниот турнир во М12 лигата-жени

29

Женскиот кошаркарски клуб „Вардар“ ќе биде организатор на завршниот турнир за најмладата возрасна категорија, М12, во женска конкуренција, од „Адастра“ лигите кои ги организира Кошаркарската Федерација на Македонија.

Овој клуб денеска ја обезбеди организацијата на лицитацијата организирана од канцеларијата за младински лиги и истиот годинава ќе биде одговорен за овој настан.

Со завршниот турнир во Скопје, младите кошаркарки до 12 години ќе го комплетираат натпреварувањето за сезоната 2025/2026, со дводневен финален турнир во „Ф4“ формат.

кој ќе биде реализиран во салата на КК „Вардар“ во Скопје.

Полуфиналните натпревари, Петровски-Бадел 1862, односно Вардар – Струга 2009 ќе се играат на 23. мај (сабота), додека ден подоцна, на 24.мај, ќе биде познат шампионот во оваа возрасна категорија.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М12 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

23.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

Петровски – Бадел 1862 (1)

Вардар – Струга 2009 (2)

24.МАЈ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

ПОРАЗЕН 1 – ПОРАЗЕН 2

ФИНАЛЕ

ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2

*Организаторот го задржува правото за промена на термините на одигрување на натпреварите

ПретходноМакедонски тренер доби 17 меча суспензија за напад на грчки судија (ВИДЕО)